Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Изложба „Сретењски устав“ во Охрид

Охрид, 8. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во изложбениот салон при Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, вечерва од 19:00 часот ќе биде отворена изложбата „Сретењски устав“.

Настанот се реализира со поддршка на Државниот архив на Македонија – одделение Охрид, а во соработка со Педагошкиот музеј од Белград, како резултат на меѓународна соработка меѓу двете земји. Оваа изложба која се состои од 18 банери на кои се претставени членовите на Сретењскиот устав, усвоен на 15-ти февруари 1835 година, е подготвена од д-р Александра Миловановиќ и докторанд Филип Цветковиќ.

May be an image of 2 people and text

Посетителите ќе можат да ги погледнат еден од најважните правни документи на Србија од 19 век, кој го манифестираше демократски потенцијал на српскиот народ. Всушност, изложбата „Сретењски устав“, која е во организација на почесниот конзул на Република Србија во Република Македонија, Михајло Филев, зборува за првиот и најважен документ што го усвоил Кнежевството Србија во 1835 година.

Преку стара копија од оригиналната содржина на уставот, која е пренесена во поголеми формати и изложена во изложбениот простор, се дава можност на посетителите да дознаат повеќе за содржината на самиот документ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука