Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево и топло време со умерена облачност и температура до 28. степени

Охрид, 8. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време со мала до умерена локална облачност.

UV индексот ќе биде 8, а максималната температура ќе се искачи до 28. степени.

– Ќе биде стабилно и суво. Во деновите од викендот ќе дува засилен, а вдолж поширокото Повардарие и во источните делови повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h). Од понеделник дневните температури ќе бидат во значителен пораст, а од среда максималната температура особено на југоистокот ќе надминува 37 степени, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука