Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Поради дефект, прекин во водоснабдувањето во село Лескоец

Охрид, 10. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Поради настанат дефект на водоводната мрежа (пукната е цевка со профил ф 160мм ) неколку часа без вода ќе бидат корисниците во село Лескоец.

– Бидејќи истиот е настанат на непристапен терен интервецијата може да се пролонгира. Екипи на ЈП „Водовод“ Охрид се на терен до завршување на санацијата, информираат од претпријатието.

Поради реакции на граѓани од недостиг на вода за пиење, оттаму апелираат до сите корисници, посебно во населбите од околината на Охрид каде што има земјоделски површини, во најавениот период со зголемени температури да не се злоупотребува водата од водоводната мрежа, за наводнување на паркови и земјоделски насади. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука