Забава Избор

„Стара рана“ – нова песна на Боби Павловски

Охрид, 20. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – „Стара рана“ е новата песна на Боби Павловски, снимена во стилот на 80-те години која доаѓа по одличните „Тамо негде“, „Заблуда“ и „Калдрма“.

Боби со оваа песна полека го затвора албумот што би требало да биде комплетиран до крајот на летото.

– Презадоволен сум од финалниот производ и искрено верувам дека и „Стара рана“ ќе ѝ се допадне на мојата публика. Едвај чекам да ја отсвирам и отпеам во живо и да ги видам реакциите, вели Павловски и додава дека септември е месецот кога на својата публика ќе ѝ ја претстави последната песна од албумот снимен на српски јазик. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука