Здравје Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

За прв пат во историјата на македонското здравство, од еден дарител беа експлантирани четири органи во еден акт

Скопје, 20. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Еден донор утрово спаси четири животи.

За прв пат во историјата на македонското здравство, од еден дарител беа експлантирани четири органи во еден акт.

– Благодарение на хуманоста на едно семејство, нивната љубов, добрина и емпатија која ја носат во себе, рано утрово ново срце почна да чука во градите на 40 годишен пациент од Скопје. Нова шанса за живот и црн дроб доби пациент со хронична црнодробна болест, а двајца пациенти на дијализа во текот на денот ќе добијат бубрези. Дополнитено шанса за поквалитетен живот наредниве денови ќе добијат пациенти со коскени заболувања. Горди сме на секој нов успех во македонското здравство, информираат од ресорното министерството.

Оттаму упатуваат благодарност до семејството на донорот кои со нивната несебична одлука донесоа утро полно надеж и верба во безусловна добрина, како и до сите медицински тимови кои изминативе 24 часа работеа и сé уште работат на скопските хируршки и интерни клиники. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Министерство за здравство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука