Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Струга Трим Лум по добар резултат во Литванија во квалификациите за ЛШ

Вилнус, 10. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Македонскиот фудбалски шампион Струга Трим Лум отпатува за Вилнус каде утре со почеток од 18:00 часот ќе го игра првиот натпревар од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите против Жалгирис од Литванија.

Во изминатиот период играчите на тренерот Шпетим Дуро ја темпираа формата преку тренинзи и пријателски мечеви за првиот европски предизвик летово.

Во контролните мечеви ремизираа со косовскиот Балкани (2:2), потоа загубија минимално од албанскиот Партизани (1:0) и претрпе пораз од албанската Тирана (1:2).

Доколку нашиот претставник успее да го елиминира литванскиот тим, во второт квалификациско коло на ЛШ ќе игра против турската екипа на Галатасарај.

Потсетување дека реваншот помеѓу Струга Трим Лум и Жалгирис ќе се игра на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид на 18-ти јули од 17:00 часот. (Крај)

извор: Слободен печат фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука