јули 10, 2023

Охрид/Струга, 10. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 9-ти јули 2023 година, во периодот од 16:00 до 22:00 часот на подрачјето на СВР Охрид, реализирани се засилени сообраќајни контроли.

– Притоа, полициските службеници во Охрид затекнале и од сообраќај исклучиле 15 возачи кои, управувале моторни возила под дејство на алкохол и 72 возачи кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената, од кои 41 во Струга, 29 во Кичево и 2 во Дебар, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука