Забава Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Многу музика и забава во најава: „Малите Ѕвездички со К-2“ во петок, на 14-ти јули на малиот плоштад кај „Мини маркет“

Охрид, 11. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во петок, на 14-ти јули 2023 година, со почеток во 20:30 часот, К-2 ѕвездичките и водителот Ка Двојче ќе настапат на малото плоштадче „Мини маркет“ со нивните детски хитчиња, како дел од проектот за потикнување на авторска музика и трибјут за охридскиот бенд „Вентолин“.

– Ве очекуваме на добра забава. Манифестацијата „Малите ѕвездички со К-2“ годинава повторно ќе ги изненади најмладите со нешто сосема ново, информираат организаторите.

Додаваат дека ќе има доделување и дипломи за учесниците и за дечињата – охриѓанчиња кои постигнале успеси на полето на науката, културата, уметноста, спортот.

– Бидејќи сме дел од еден поголем проект, на истото место потоа ќе има tribute концерт на групата „Вентолин“. Ве чекаме на 14-ти јули, порачуваат од „Малите ѕвездички со К-2“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука