Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево и топло време со температура до 30. степени

Охрид, 11. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец.

UV индексот ќе биде 9, а максималната температура ќе се искачи до 30. степени.

– Под влијание на топол бран следува период на стабилно и многу топло време со значителен пораст на температурата. Од среда дневната температура во поголемиот дел од земјава ќе биде над 35 степени, а понекаде ќе надмине и 40 степени и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. Утринската температура во Скопје и во јужните делови нема да се спушта под 20 степени, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука