Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Загризете го слаткото Vincinni задоволство: Прва забава во „Тамаро“ маркетот во „Братство“ (Фото/Видео)

Охрид, 14. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Vincinni е веќе традиционален партнер на летните промоции на Тамаро, водечките маркети во Охрид и број 1 медиумот во регионот, Супер радио.

И ова лето заеднички нудат врвна забава, многу подароци и грст насмевки за сите. Во маркетот во склоп на фабриката „Братство“, на улицата „7-ми ноември“, синоќа се одржа првата од летните промотивни забави со тимот на Супер радио, како дел од предвидените активности ова лето на Тамаро и Vincinni.

– Ова лето секако ќе биде Vincinni лето во Охрид. Сите заедно ќе уживаме во ова опуштено лето со вкусот на Vincinni производите. Загризете го најслаткото Vincinni задоволство, а ние ветуваме многу изненадувања, подароци и најслатките Vincinni производи. Предвидени се и забави на најпопуларните плажи во Охрид, порача водителот Жанко ЗШ Голабоски.

За купувачите во маркетот на Тамаро беа обезбедени бројни подароци, со најава дека ќе се дружиме интензивно во текот на целото лето.

– Јули и август се месеци на забава и уживање. Заедно да креираме моменти за паметење на кои ќе се сеќаваме долго, како и на вкусот кој не поврзува, вкусот на најслатките Vincinni производи, додава Жанко.

Мирно и топло лето Охридско, да уживаме заедно со нашите пријатели, Тамаро и секако Vincinni.

И оваа кампања е ново дело излезено од креативната работилница на Супер радио и Be 1 Digital Marketing, кои поставуваат нови стандарди во маркетингот и презентацијата на компаниите во регионот.(Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Супер радио/Be 1 Digital marketing

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука