Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Автобуската постојка за туристи се дислоцира на улица „Партизанска“

Охрид, 13. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од денес се дислоцира автобуската постојка за туристи на улицата „Кузман Јосифоски- Питу“.

– Се известуваат сите туроператори и туристички водичи од градов дека автобуската постојка за туристи која беше лоцирана на улица „Кузман Јосифоски- Питу“ кај факултетот за Информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ од денес, 13-ти јули, се дислоцира на улица „Партизанска“ кај студентскиот дом „Никола Карев“, информираат од Општина Охрид.

Уупатуваат апел до превозниците, автобуската постојка да се користи исклучиво за качување и слегување на туристи, а не за паркирање на автобуси. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука