Избор Култура ТОП ВЕСТИ

Пријателите во чест на охридскиот музичар Андреј Лаброски

Охрид, 14. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во недела, 16-ти јули ќе се одржи концертот „Пријателите во чест на Андреј Лаброски“, во спомен на младиот охридски музичар.

Датумот е одбран симболично, 16-ти е датумот на раѓање на Андреј.

– Почитувани пријатели со огромна чест и задоволство ве покануваме да бидете дел од овој настан, влезот е слободен но, ќе биде поставена кутија за донации и целата сума на пари ќе биде донирана за децата од ранливите категории.
Бидејќи концертот ќе се одржи на плажа ве молиме понесете си перниче, пешкир,столче за седење, велат од ансамблот „Билјана“, чиј член беше Лаброски.

Концертот ќе се одржи на плажата Сараиште, со почеток во 19:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука