Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Витаминка лето 2023: Прва супер забава со Тамаро (Фото/Видео)

Охрид, 14.јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Како продолжение на успешната соработка со најголемите компании од државата и регионот повеќе од една деценија наназад, охридските „Тамаро“ маркети и водечкиот медиум во регионот, Супер радио, и ова лето нудат врвна забава, многу подароци и насмевки за сите.

Прекрасно лето охридско со нашите традиционални пријатели од Vitaminka и Тамаро кои повторно го носат вистинскиот вкус н аова лето. Во текот на јули и август ќе се дружиме, ќе подаруваме многу вкусни производи и секако подготвивме многу забава за Вас.

Маркетот лоциран во склоп на фабриката „Братство“ на улицата „7-ми ноември“ беше локацијата каде синоќа се одржа првата од летните промотивни забави со тимот на Супер радио, како дел од предвидените активности ова лето на Тамаро и Витаминка.

– Прекрасно лето охридско со нашите традиционални пријатели од Vitaminka и Тамаро кои повторно го носат вистинскиот вкус на ова лето. Во текот на јули и август ќе се дружиме, ќе подаруваме многу вкусни производи и секако подготвивме многу забава за Вас, порача водителот Жанко ЗШ Голабоски.

Тој додаде дека јули и август се месеци на забава и уживање, кога заедно со Тамаро ги имаме подготвено за Вас и „Vitaminka Challenge“ – супер атрактивни настани со охридските скејтери, кои се дел од оние кои најмногу уживаат во Витаминка производите.

Мирно и топло лето Охридско, да уживаме со нашите пријатели, Тамаро и секако Витаминка.

И оваа кампања е ново дело излезено од креативната работилница на Супер радио и Be 1 Digital Marketing, кои поставуваат нови стандарди во маркетингот и презентацијата на компаниите во регионот.(Крај)

извор: ОхридПресфото/видео: Суперрадио/Be 1 Digital marketing

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука