Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево и многу топло време со UV индекс 10 и температура до 34. степени

Охрид, 18. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

UV индексот ќе биде 10, а максималната температура ќе се искачи до 34. степени.

– Подрачјето на нашата земја и понатаму ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса. Ќе се задржи многу топло време со високи температури, утринските на повеќе места ќе бидат над 20, а дневните наместа ќе достигнуваат и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. UV индексот ќе има многу висока вредност 10, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука