Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

ЈУНП „Галичица“: Не е воведена забрана за движење во паркот, да се почитуваат препораките

Охрид, 18. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од ЈУНП „Галичица“ информираат дека според препораките на Владата на Република Македонија за забрана на движење во шумите, не е воведена забрана на движење на нивната територија.

– Заради зголемената опасност од шумски пожари и според препораките на Владата, кога го посетувате Националниот Парк, ве молиме да ја пријавите својата посета на следниот е-маил: galicica@galicica.org.mk или во Дирекцијата на Националниот парк, во периодот од 09:00 до 15:00 часот. За пријавување, потребни се следниве информации: име и презиме, матичен број, регистарска табличка на возилото, датум на посета и предвидено времетраење на престојот и локација/место на движење. Посетителот е должен да го напушти делот на паркот што е под строга заштита до 17:00 часот. Со цел да се превенираат негативни последици, ве потсетуваме дека на територијата на Националниот Парк „Галичица“ е строго забрането да се пали оган на отворен простор, да се фрлаат пластични и стаклени шишиња, да се палат отпад и друг горлив материјал, како и да се фрлаат отпушоци од цигари и догорчиња, информираат од паркот.

Додаваат дека доколку некој забележи пожар, итно да го пријави на телефонскиот број 112 во Центарот за управување со кризи или во Националниот парк. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука