Економија Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Успешно спроведен завршниот испит за учениците од IV година од профилот Техничар за индустриска мехатроника во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“

Охрид, 19. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 17-ти и 18-ти јули 2023 година се спроведе завршниот испит по германски модел за учениците од четврта година од образовниот профил Техничар за индустриска мехатроника во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во Охрид. Овој испит се спроведува втора година по ред и се состои од теоретски и практичен дел.

– На теоретскиот дел од испитот учениците одговараа на 22 прашања со повеќекратен избор и решаваа 6 задачи. Прашањата и задачите беа од стручните предмети кои ги изучуваа учениците во текот на своето четиригодишно образование. На практичниот дел од испитот кој се одржа во компанијата „Костал“, учениците ги покажаа своите знаења и вештини при поврзувања на специјални мехатронички сетови кои се обезбедени преку Делегацијата на германското стопанство. При тоа учениците требаше да извршат поврзувања на различни елементи со користење на зададени електрични шеми и да ги оспособат сетовите за правилно функционирање, информираат од во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.

Додаваат дека повеќето ученици успешно го положиле испитот и со тоа се стекнале со сертификати за завршено дуално образование според германскиот модел. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука