Струга, 21. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 19-ти јули 2023 година, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода 20-годишниот В.Г. од Штип.
– Тој се сомничи дека претходно одзел паричник со пари и лични документи од А.Ѓ. од Струга. Кај него било пронајдено одземеното и било вратено на сопственикот. Лицето било задржано во Полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 40