Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

ЈП „Водовод“ работи на три поголеми дефекти на главната водоводна линија во населбата „Коњско“

Охрид, 22. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Екипите на ЈП „Водовод“ од Охрид во текот на последните 24 часа во населбата „Коњско“ работеа до раните утрински часови на санација на три поголеми дефекти на главната водоводна линија, по што за кратко време се очекува нормализирање на водоснабдувањето, информираат од Општина Охрид.

– И покрај тешките услови за работа предизвикани од високите температури, дежурна екипа на ЈП „Водовод“ од Охрид е на терен и доколку има потреба ќе интервенира повторно, информираат од локалната. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука