Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Пријава за жител на Радолишта кој градел објекти за домување надвор од одобрените проекти

Струга, 22. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 78-годишниот Љ.Н. од струшкото село Радолишта, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

– Во текот на јануари 2023 година, пријавениот во својство на инвенститор, без да поседува соодветно решение, започнал со рушење на стари објекти, а потоа започнал со градење на нови објекти за домување, спротивно на основните проекти кои му биле издадени од страна на Општина Струга, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука