Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Казни за 11 возачи во Охрид кои управувале возила под дејство на алкохол

Охрид, 24. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 23-ти јули 2023 година, во периодот од 00:00 до 05:00 часот, на подрачјето на СВР Охрид спроведени се засилени сообраќајни контроли.

– Притоа, полицските службеници затекнале 19 возачи кои, управувале моторни возила под дејство на алкохол, од кои 11 во Охрид, 1 во Струга, 3 во Кичево и 4 во Дебар. Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука