Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Опожарено возило на булевар „Туристичка“ во Охрид, повредено едно лице

Охрид, 24. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 22-ри јули 2023 година, во 12:55 часот, во возило марка „Сеат алхамбра“ со охридски регистарски ознаки, што го управувала 40-годишната Ј.Б. селото Мешеишта, општина Дебрца, кое се движело по булеварот „Туристичка“ во Охрид, настанал пожар.

– Во пожарот со телесни повреди се здобил 31-годишниот М.О. од Охрид, кој помагал при вадење на патниците од возилото и тој бил пренесен во Општата болница во Охрид. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица од Охрид, а увид извршила увидна екипа на СВР Охрид, информираат од Секторот. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука