Економија Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Поставена фотонапонската централа на покривот на СОСУ „Св. Кирил и Методиј“, донација од компанијата ОКТА

Охрид, 24. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Заврши поставувањето на фотонапонската централа на покривот на СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид.

Централата е со моќност од 22 kW и ќе биде надополнување на новиот систем на греење на училиштето преку топлотни пумпи што значително ќе ги намали трошоците на оваа образовна институција, а секако ќе придонесе и за заштита на животната средина.

– Остануваат да се завршат формалните процедури со ЕВН околу приклучување во дистрибутивната мрежа по што ќе биде ставена во функција. Фотонапонската централа, нејзиното проектирање и поставување е комплетна донација од страна на компанијата ОКТА а.д. Скопје за што во оваа прилика искажувам голема благодарност. Оваа донација е вистински пример за општествена одговорност, порача градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука