Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

МОН: Учениците ќе користат пролетен распуст од 29 април до 5 мај 2024 година

Скопје/Охрид, 26. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во учебната 2023/2024 година, основците и средношколците ќе имаат и пролетен распуст.

На последната седница, Владата на Република Македонија, на предлог на Министерството за образование и наука, одлучи учебната година да почне на 1 септември, а првото полугодие да заврши на 29 декември 2023 година.

– Од 30 декември учениците ќе користат зимски одмор, а второто полугодие почнува на 22 јануари. Во периодот од 29 април до 5 мај 2024 година, учениците ќе бидат на пролетен распуст. Учебната година ќе трае до 17 јуни, а летниот одмор почнува на 18 јуни и завршува на 31 август 2024 година, информираат од Министерството за образование и наука. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука