Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Тешка сообраќајка кај Лескоец, повредени три лица

Охрид, 26. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Ноќеска, во 00:05 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Ресен, кај селото Лескоец, охридско, се случила сообраќајна несреќа во која се повредени три лица.

– Незгодата се случила помеѓу патничко возило марка „Опел“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 31-годишниот Д.Н. од Охрид и патничко возило „Пежо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 53-годишниот З.К. од битолското село Горно Оризари. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „Опел“, констатирани во Општа болница Охрид, додека со телесни повреди се здобил возачот на возилото „Пежо“ и неговиот сопатник Н.А. од Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука