Економија Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Општините ќе добијат средства за инвестиции за водоснабдителни и канализациони системи, 3 милиони денари за Охрид

Скопје/Охрид, 26. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Согласно Финансискиот договор за Проектот за подобрување на водната инфраструктура, Владата на Република Македонија донесе одлука за распределување средства на општините за приоритетни инвестиции за водоснабдителни и канализациони системи, како и за системи за третман на отпадни води и набавка на опрема.

За Општина Охрид се издвоени средства во висина од три милиони денари, кои треба да легнат на наменска сметка.

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за донесување Одлука за распределба на средства согласно со Финансискиот договор за Проектот за подобрување на водната инфраструктура на општините во Македонија и ја донесе Одлуката.

Општините во државата и во градот Скопје ќе добиваат средства како донација за реализација на приоритетни инвестиции за водоснабдителни и канализациони системи, како и за системи за третман на отпадни води и набавка на опрема која ќе биде во прилог на подобрување на водоводната инфраструктура на нивна територија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука