Избор Локална самоуправа ТОП ВЕСТИ

Отворени уште две паркинг места како дел од проектот „Хуманитарни паркинзи“

Охрид, 28. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во рамки на проектот „Хуманитарни паркинзи“, реализиран од страна на ЈП „Билјанини Извори“ и Општина Охрид, од денес во функција на хуманоста се уште две паркинг места.

– Новите хуманитарни паркинзи се наоѓаат на улицата „Димитар Влахов“, во непосредна близина на Општина Охрид. Проектот „Хуманитарни паркинзи“ започна да се реализира минатото лето на иницијатива како градоначалник на Охрид и е дел од заложбите на ЈП „Билјанини Извори“ за општествена одговорност и поддршка на здруженијата на граѓани. Веќе се собрани финансиски средства во висина од 128.000 денари и истите на крај од годината се доделуваат со одлука на УО на ЈП „Билјанини Извори“ на тие кои им е најпотребна поддршката, информираат од Општина Охрид од каде им се заблагодаруваат на сите граѓани што ги користеа хуманитарните паркинзи со порака и апел да продолжат да ги користат црвените паркинг места и да даваат помош онаму каде што е најпотребна.

Од ЈП „Билјанини Извори“, во соработка со Општина Охрид најавуваат дека и во иднина ќе продолжат со отворање нови паркинг места кои ќе бидат во функција на хуманоста. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука