ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Се зборува на Facebook: Најавата за втор мандат на градоначалникот Пецаков меѓу најкоментираните вести на OhridPress

Охрид, 28. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Најавата во последното интервју на градоначалникот на Охрид д-р Кирил Пецаков, дека со задоволство би се кандидирал повторно за функцијата, е меѓу најкоментираните деновиве на Facebook профилот на OhridPress.

Пецаков во интервјуто за Тв Алфа напомена дека со задоволство би се кандидирал повторно за функцијата, доколку го поддржи народот и ја добие довербата од неговата матична партија.

Читателите на OhridPress генерално изразуваат поддршка за Пецаков, но дел посочуваат и на одредени проблеми кои треба да се средат во градот, пред се’ во делот на инфраструктурата и уредувањето на градот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука