Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Евроамбасадорот Дејвид Гир во посета на УИНТ „Св. Апостол Павле“ во Охрид

Охрид, 28. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Евроамбасадорот Дејвид Гир денес го посети Универзитетот за информатични науки и технологии (УИНТ) „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Проректорката за меѓународна соработка проф. д-р Устијана Речкоска- Шикоска, заедно со претставници од Ректорската управа, Сенатот и административниот тим на УИНТ, беа домаќини на висока делегација предводена од Амбасадорот Гир и членови на неговиот тим, а во соработка со Марк Барет, тим лидер во ГИЗ, Германското друштво за интернационална соработка и Зоран Мартиновски, претседател на консултантската компанија „PrimePoint Partners“.

Делегацијата го посети Универзитетот за информатични науки и технологии „Св. Апостол Павле“ и просториите на Ohrid Blue Economy Accelerator во рамките на Универзитетот. На средбата се разговараше за предизвиците и можностите за одржлив економски развој во земјата и регионот, вклучување на бизнисите и младите луѓе кои би придонесле со свои идеи преку основање на стартапи за развој на локалната економија.

– Особен акцент беше даден на можноста за искористување на потенцијалот на студентите на сите циклуси на студии на УИНТ „Св. Апостол Павле“ Охрид, заедно со менторите од Универзитетот и IT компаниите, при креирање модерни IKT решенија, кои водат кон целокупен економски напредок, а со акцент на креативни решенија кои би помогнале кон одржлив развој на туризмот во Охрид, заштита на водите на Охридското Езеро, езерата и реките во земјата и регионот, како и одржливи решенија во земјоделието, информираат од УИНТ „Св. Апостол Павле“ Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука