Економија Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Денеска и утре исплата на јулските пензии

Скопје/Охрид, 31. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Денеска и утре ќе се исплаќаат јулските пензии во деловните банки, за клиентите кои не користат платежна картичка.

Од Министерството за труд и социјална политика известуваат дека подигнувањето на пензиите ќе се реализира во две групи, според висината на пензијата:

– За пензии со висина до 14.000 денари, исплатата  се врши на 31.07.2023 година (понеделник);

– За пензии над  14.001 денари исплатата се врши на 01.08.2023 година (вторник).

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од денес. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука