Избор Култура Локална самоуправа ТОП ВЕСТИ

Излезе од печат книгата „Охридскиот XIX век“ на Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски

Охрид, 31. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во издание на Општина Охрид, денеска излезе од печат книгата „Охридскиот XIX век“ од професорите Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски.

Во книгата на 219 страници во 5 поглавја, опфатени се најзначајните културолошки и социјолошки појави во 19 век во Охрид, кои имале свои рефлексии во македонската современа литература.

Книгата ќе биде промовирана утре, во 11:00 часот во салата на Општина Охрид, а промотор ќе биде проф. д-р Лилјана Гушевска.

Настанот ќе биде збогатен со уметнички перфоманс на актерката Валентина Божиноска и ансамблот „Билјана“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука