Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Во среда во Охридското Езеро ќе се одржи „Илинденски куп“, третата трка од Македонскиот куп во далечинско пливање

Охрид, 31. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во среда, на 2-ри арвгуст 2023 година, во водите на Охридското Езеро ќе се одржи „Илинденски куп“, третата трка од Македонскиот куп во далечинско пливање, информираат од Националната пливачка федерација.

– Популарниот „Илинденски куп“ е во организација на Пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008“. Стратот на трката ќе биде на плажата „Горица“, а финишот на градскиот кеј пред хотелот „Ривиера“. Стартот на првата група е во 10:30, додека на втората група во 11:00 часот, потенцираат од Националната пливачка федерација. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука