Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охридското Езеро сепак ги има: „Ајкулата“ Винчи денеска донесе многу подароци и насмевки на плажата „Горица 3“ со Тамаро, Vincinni и Супер радио (Фото/Видео)

Охрид, 31. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охридското Езеро сепак има „ајкули“… И тоа насмеани, кои доделуваат многу подароци и носат грст убави моменти кај најмладите капачи денеска на плажата „Горица 3“.

Vincinni е веќе традиционален партнер на летните промоции на Тамаро, водечките маркети во Охрид и број 1 медиумот во регионот, Супер радио, кои и ова лето заеднички нудат врвна забава, многу подароци и насмевки за сите.

– Единствената „ајкула“ ова лето во Охрид, нашата Винчи која Ви подарува највкусни Vincinni производи. И после велат немало „ајкули“ во Охрид… Е, па имаме, за инает од стружани. Винчи е со нас и највкусните Vincinni производи. Ова лето, повторно Vincinni лето во Охрид. Сите заедно да уживаме во едно опуштено лето со вкусот на Vincinni производите. Загризете го најслаткото Vincinni задоволство. Долго топло лето, исполнето со многу изненадувања, подароци и најслатките Vincinni производи, порача водителот Жанко ЗШ Голабоски.

За посетителите на плажата беа обезбедени бројни подароци, со најава дека ќе се дружиме интензивно во текот на целото лето.

– Јули и август се месеци на забава и уживање. Заедно да креираме моменти за паметење на кои ќе се сеќаваме долго, како и на вкусот кој не поврзува, вкусот на најслатките Vincinni производи, додава Жанко.

Мирно и топло лето Охридско, да уживаме заедно со нашите пријатели, Тамаро и секако Vincinni.

И оваа кампања е ново дело излезено од креативната работилница на Супер радио и Be 1 Digital Marketing, кои поставуваат нови стандарди во маркетингот и презентацијата на компаниите во регионот.(Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Супер радио/Be 1 Digital marketing

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука