Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Почнуваат општинските чествувања на 2-ри август – Денот на Републиката

Охрид, 1. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Со повеќе настани и свечености Општина Охрид ќе ја одбележи 120 годишнината од Илинденското востание.

Денес од 11:00 часот во големата општинска сала ќе биде промовирана книгата „Охридскиот XIX век“ од проф.д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски. Вечерва од 20:00 часот во рамки на „Ноќ спроти Илинден“ пред обележјето не Илинденците во село Велгошти ќе биде положено свежо цвеќе, а историски осврт кон Илинденското востание и неговото значење ќе одржи м-р Михаил Патчев.

Утре од 10:00 часот ќе биде положено цвеќе пред спомен – обележјата на Илинденците во градскиот парк, од 10:20 часот на обележјата кај Прентов мост, а од 10:30 часот цвеќе ќе биде положено на спомен – обележјето на Илинденците во селото Плаќе. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука