Забава Избор

Лето 2023 во клуб Rebel: Четврток, 3. август, врвна забава со Wish.ko & Maci Stojanovic

Охрид, 1. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Забавите на Број 1 подиумот ова лето во Охрид продолжуваат со уште една врвна забава со Wish.ko & Maci Stojanovic во четврток, на 3-ти август во клуб Rebel.

Ziya Visko или Wish.ko важи за врвен Dj и продуцент. Ќе уживаме во сетот на Dj-от кој е познат по скречувањето на винили, сет кој секако ќе ги одбележи Илинденските денови во преубавиот Охрид ова лето. Забава која ќе донесе насмевка на Вашето лице и која не смеете да ја пропуштите…

Maci Stojanovic е Dj од втората генерација македонски tehno Dj-и. Постојано обновувајќи и внесувајќи свежина во својот сет, како и во пристапот кон музиката, во неговите настапи тој внесува широк спектар на жанрови кои се движат од deep house до funky techno стилови.

Обезбеден паркинг за сите, а забавата започнува во 23:00 часот. Телефон за дополнителни информации и резервации е ++38979230912.

Ова лето, клуб Rebel е местото каде треба да бидете. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука