Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Денеска ќе се одржи Илинденскиот пливачки маратон, третата трка од Македонскиот куп во далечинско пливање

Охрид, 2. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во водите на Охридското Езеро денеска ќе се одржи „Илинденски куп“, третата трка од Македонскиот куп во далечинско пливање.

На овој пливачки маратон учество ќе земат преку 50 пливачи од Македонија и странство, кои ќе стартуваат во две групи-категории. Во првата група се пливачи постари од 16 години старост, родени во 2007 година и постари, а во втората група се пливачи од 8 до 15 годишна возраст, односно родени 2008 година и помлади.

– Популарниот „Илинденски куп“ е во организација на Пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008“. Стратот на трката ќе биде на плажата „Горица“, а финишот на градскиот кеј пред хотелот „Ривиера“. Стартот на првата група е во 10:30, додека на втората група во 11:00 часот, потенцираат од Националната пливачка федерација.

Организатор е Клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008“ од Охрид, под покровителство на Советот на Општина Охрид, помогнато од Костал Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука