Забава Избор

SUPER Fresh music: Troye Sivan – Rush

Охрид, 3. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Поп ѕвездата Troye Sivan го претстави првиот сингл од неговиот претстоен албум „Rush“.

Третиот студиски албум „Something to Give To Every Other“ кој ја слави сексуалноста, танцот, заедницата, љубовта и пријателството ќе биде достапен на сите музички сервиси на 13-ти октомври.

– Синглот на слушателот му го дава истото чувство како кога бакнувате потполно непознат човек на подиумот за танцување, кога одите на двочасовен состанок кој се претвора во романтичен викенд, во љубов, во зима, во лето… Во исто време, јас сум независен, но и длабоко поврзан со музиката и заедницата што ме опкружува, објаснува Sivan.

Младиот уметник со австралиско потекло и’ се претстави на јавноста пред речиси една деценија со своето прво EP наречено „TRXYE“. Неговиот деби албум „Blue Neighborhood“ како и неговото второ студиско издание „Bloom“ цврсто го поставија како глобална икона во светот на поп музиката.


Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука