Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Градоначалникот Пецаков се сретна со амбасадорот на Италија во Република Македонија Андреа Силвестри

Охрид, 3. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков денеска оствари средба со амбасадорот на Италија во Република Македонија Андреа Силвестри.

– Средбите со амбасадорот Силвестри ни се секогаш срдечни и плодотворни. Разговаравме за туристичката сеозна и можноста за промоција на туристичката понуда на Охрид пред италијанскиот пазар. Согласни сме дека пилот проектот за изучување на италијански јазик во основните училишта помина одлично и затоа се планира оваа година тој да се надогради. Амбасадорот истакна дека ќе вложи напори за повторно активнирање на авиолинија од охридскиот аеродром до Италија. Голема чест ми укажа амбасадорот со тоа што бев домаќин на доделувањето на орденот за заслуги „Ѕвезда на Италија“ на госпоѓата Франка Винчензи Маркулеска. Во мое лично име и во името на Општина Охрид и честитам на госпоѓата Франка и на нејзното семејство, истакна градоначалникот Пецаков. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука