Избор Култура Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Научна и уметничка визита 2023 година: Започнува лингвистичката работилница „Дијалектна обработка на македонскиот јазик“

Охрид, 10. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Со лингвистичката работилница „Дијалектна обработка на македонскиот јазик“ на Истражувачкиот центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“ при МАНУ, која ќе се одржи на 10, 11 и 12 август 2023 година, во Научниот и уметнички центар „Куќа на Уранија“ МАНУ, Охрид продолжува научната и уметничка визита 2023 година.

– На 25. и 26. август 2023 година ќе се одржи синолошка конференција за кинескиот јазик, литература и култура на Одделението за лингвистика и литературна наука на МАНУ. На 27. август 2023 година, со почеток во 12:00 часот е закажана поетска средба „Разговор со акад. Павле Горановиќ“, член на Црногорската академија на науките и уметностите. Во текот на август ќе се одржи и промоција на изданието посветено на научноистражувачката работа на Акад. Алајдин Абази по повод 80 години од неговото раѓање на одделението за технички науки на МАНУ, а од 29. август до 2. септември 2023 година ќе се одржи „Охридска школа на природното право“ на Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ со поддршка на Амбасадата на САД во Република Македонија, информираат од Научниот и уметнички центар „Куќа на Уранија“ МАНУ, Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука