Охрид, 10. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во популарната Facebook група Охрид кој веќе го нема, администраторот Милчо Георгиевски ја сподели приказната за уште една охридска легенда, Раиф-Рајко.
– Една од урбаните легенди на Охрид и нашето време, незаборавниот и секогаш во елемент Раиф-Рајко, имитатор, стендап комичар (уште кога тој поим не беше познат на овие простори) и што уште не, пред триесетина години, напиша Георгиевски.
Охриѓани се сеќаваат на него по безбројните анегдоти и шеги кои ги правел на своја и туѓа сметка, на вештачкото око и насмевката со која ги решавал сите ситуации. (Крај)
извор: Охрид кој веќе го нема фото: Милчо Георгиевски/Охрид кој веќе го нема
Прочитано: 49