Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајна незгода на патот Охрид-Кичево, повредено едно лице

Охрид, 14. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 13-ти август 2023 година, во 22:50 часот во СВР Охрид било пријавено дека 60-годишниот И.С. од општина Маврово и Ростуше, управувајќи патничко возило марка „Пежо“ со гостиварски регистарски ознаки на патот Охрид-Кичево, изгубил контрола и излетал од патот.

– Притоа, возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука