ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Бугарската „Фондација Македонија“ најавува: Бугарска телевизија во секој македонски дом!

Охрид, 16. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Преку спонзорирани постови на социјалните мрежи, таргетирани за територијата на Република Македонија, бугарската „Фондација Македонија“ најавува воведување на бугарска телевизија во секој македонски дом.

– Доделуваме online телевизија за Вашите Smart телевизори. Нека не контактира секој кој сака да добие пристап за следење на бугарски телевизии. Нашата цел е да им го обезбедиме тоа на 100.000 домаќинства, стои во објавата.

Ова е само продолжување на „специјалната акција“, која се води на интернет за покривање на се’ што е македонско, а што официјална Македонија како немо да го следи.

Неодамна беше објавено дека се планира отворање на пет online медиуми во Република Македонија во кои ќе работат македонски новинари, а во план било и отворање на ТВ-студио во кое ќе се снимаат видеа, подкасти и интервјуа кои ќе се емитуваат само на интернет платформите.

OhridPress неодамна пишуваше и за случајот кога официјалниот домејн на некогашната медиумска гордост на Охрид – Радио Охрид, www.radioohrid.com.mk, сега е откупен од компанија со седиште во Софија, Бугарија. Истата, според објавеното, претежно се занимава со продажба на, како што самите велат во описот, „најкорисните производи и артикли на пазарот, како во Македонија така и во Бугарија“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука