Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Во јуни во Охрид издадени се 7 одобренија за градба, планирана е изградба на 12 станови

Охрид, 17.август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во месец јуни во Охрид биле издадени 7 одобренија за градба, објави Државниот завод за статистика.

Од нив на 3 инвеститор е физичко лице, а на 4 правен субјект. Предвидена е градба на 12 станови, со вкупна корисна површина од 1.075 м². Во анализираниот период во општините Струга и Дебрца не се издадени одобренија за градба.

На ниво на Македонија во јуни 2023 година издадени се 242 одобренија за градење. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 115 се наменети за објекти од високоградба, 66 за објекти од нискоградба и 61 за објекти за реконструкција. Од вкупно 242 објекти, на 117 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 125 инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 530 станови, со вкупна корисна површина од 44.252 м². (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука