ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

80 години од формирањето на баталјонот „Мирче Ацев“

Охрид/Белчишта, 18. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – На денешен ден, на Славеј планина во 1943 година е формиран баталјонот „Мирче Ацев“, првата легална воена формација за ослободување на Македонија од фашистите.

Секоја година, кај споменикот се одбележува годишнината од формирањето на баталјонот и Денот на армијата на Република Македонија.

Организатори се општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца заедно со локалната самоуправа на општина Дебрца и делегација на припадниците на АРМ.

По одржувањето на преспанскиот состанок на кој беше анализирана состојбата, донесен е заклучок дека се создадени услови за создавање на регуларни воени формации, единици кои ќе бидат способни воено и политички да делуваат на целата територија на Македонија. Така со наредба на Штабот на 2-та оперативна зона, на 18-ти август 1943 година, на Славеј планина се формира Првиот баталјон „Мирче Ацев“, прва регуларна воена единица на македонскиот народ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука