Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Охрид ќе биде домаќин на екипниот шампионат на Република Македонија во шах

Охрид, 18. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охрид, од 26-ти август ќе биде домаќин на екипниот шампионат на Република Македонија во шах во машка и во женска конкуренција.

На 31. издание на шампионатот ќе се натпреваруваат екипите на Алкалоид, Прилеп, Гамбит Ассеко СЕЕ, Куманово 1, Гостивар и Анпасан СЕШ, а ќе играат и две нови екипи: Пелагон од Прилеп и Шкупи од Скопје, кои минатата година се квалификуваа како најдобри во натпреварите од Втората лига.

Екипните шампионати ќе се играат според Бергеровиот систем, односно на секој од нив ќе настапат вкупно осум екипи и ќе се играат седум кола (секој против секого). Притоа, во машка конкуренција екипите ќe настапат на шест табли (со исто толку резерви), додека, во женска конкуренција екипите ќe настапат на четири табли (со две резерви).

Турнирот започнува во сабота, на 26-ти август 2023 година во хотелот „Метропол“ во Охрид. Партиите од редовните кола ќе започнуваат секој ден од 16:00 часот (освен последното коло, кое ќе биде на програмата на 1. септември од 10:00 часот). (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука