Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на МВР: Пријава за лице кое се му се заканувало со остар предмет на охриѓанец и со возило удрило двајца полицајци

Охрид, 18. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 25-годишно лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ и две кривични дела „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.

– На 31-ви јули 2023 година, пред угостителски објект во Охрид, пријавениот со остар предмет му се заканувал на лице од Охрид, а кога на местото пристигнале полициски службеници, обидувајќи се да побегне, со возило удрил двајца полициски службеници, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука