Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Охриѓанец пријавил дека бил ограбен во Гостивар

Гостивар/Охрид, 18. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 17-ти август 2023 година, околу 17:30 часот на улица „Павле Аврамовски“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово, Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 23-годишниот С.Д. од гостиварско Чегране.

– Тој бил пријавен од 48-годишниот Д.Р. од Охрид дека околу 15:00 часот во Гостивар му одзел личен предмет и избегал. При лишувањето кај него биле пронајдени и одземени кокаин и нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука