Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајна незгода во близина на болницата „Св. Еразмо“, повредено едно лице

Охрид, 19. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 18-ти август 2023 година, во 06:30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-село Подмоље, во близина на болницата „Св. Еразмо“, 49-годишно лице од струшкото село Октиси, управувајќи патничко возило марка „Ауди“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од коловозот.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото, констатирани во болницата „Св. Еразмо“. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука