Економија Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Се зборува на Facebook: Модуларната болница во Охрид подолго време не е во функција, се појави кондензација и треба да се санира покривот

Охрид, 19. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Информацијата дека модуларната болница во Општата болница во Охрид подолго време не е во функција, дека се појавила кондензација и треба да се санира покривот деновиве е меѓу најкоментираните деновиве на Facebook профилот на OhridPress.

Модуларната болница во Охрид не е во функција веќе подолго време, изјави за Супер радио и OhridPress директорот на Општата болница во Охрид Асен Шајн, кој додава дека оваа состојба ја затекнал и кога дошол на функцијата.

– Истата е затворена поради појава на кондензација. Треба да се санира покривот и да се пренамени, за да може да ја користи Општата болница. Во зависност од потребите, може да се користи како амбуланта или нешто слично. Во план е да се санира. Најважно е дека модуларната болница си ја заврши работата кога тоа беше најпотребно, додава Шајн.

Читателите на OhridPress потсетуваат на немилиот настан од Тетово, кој повторно се врати во центарот на вниманието на македонската јавност по документарниот филм на ИРЛ и апелираат да се спроведе контрола на направеното од страна на изведувачот на работите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука