Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево и многу топло време со умерена облачност и температура до 32. степени

Охрид, 20. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и многу топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Од пладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

UV индексот ќе биде 7, а максималната температура ќе се искачи до 32. степени.

– Во текот на следната работна седмица времето ќе биде сончево и многу топло со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени и во делови од земјава ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука