Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Лапароскопијата во урологијата веќе е рутинска оперативна процедура во Општа Болница Охрид, успешно изведени над 20 лапароскопски уролошки процедури

Охрид, 19. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Лапароскопијата во урологијата станува рутинска оперативна процедура во охридската Општа Болница.

Тимот од одделот за Урологија предводен од д-р Томислав Мостров, специјалист по уролошка хирургија заедно со анестезиолошкиот тим предводен од д-р Магдалена Митреска- Пулческа, специјалист по анестезија, реанимација и интензивно лекување, за помалку од една година успешно изведоа над 20 лапароскопски уролошки процедури од кои 10 радикални лапароскопски простатектомии поради карцином на простата и патологија на бубрег и варикозни вени на тестис.

– Лапароскопската хирургија претставува минимално инвазивна хируршка метода која за разлика од традиционалната отворена хирургија (каде што се употребува голем хируршки рез), овде се користат 3 до 5 мали отвори (портови) низ кои се внесуваат многу мали прецизни современи инструменти за извршување на операции од најразлична патологија вклучително на простата и бубрег. Има повеќе предности за пациентот со користење на оваа метода: помала траума за стомачните органи, помала загуба на крв, неспоредливо помала постоперативна болка, подобри естетски резултати, далеку побрзо закрепнување и пократок престој во болница и побрзо враќање кон нормалните секојдневни и работни активности, информираат од Општа болница Охрид.

Од болницата изразуваат голема благодарност за несебичната соработка со Универзитетската Клиника за Урологија од Скопје, која започна под менторство на Проф. д-р. Сотир Ставридис, а продолжи со Асс. д-р Јосиф Јанчулев. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука